27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреглед на котирани друштва за 2023: Банкарскиот сектор повторно на врвот на...

Преглед на котирани друштва за 2023: Банкарскиот сектор повторно на врвот на листата по профитабилност

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.12.2023 година.

Од вкупно 94 компании, 68 завршиле со добивка, 21 компании завршиле со загуба за 2021 година, една не објавила резултати и четири се долгорочно суспендирани.

По профитабилност, повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 3.602.377.000 денари Комерцијална банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска банка АД Скопје со добивка од 3.469.601.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 3.216.860.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(2.080.351.000), Алкалоид АД Скопје(1.576.905.000), Цементарница УСЈЕ АД Скопје(1.509.491.000), Мермерен комбинат(843.234.000), Макптрол АД Скопје(770.716.000), ЗК Пелагоднија(504.088) и Унибанка АД Скопје(476.510.000).).

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП