Цените на нафтата скокнаа за околу 4 отсто минатата недела, враќајќи ги загубите од претходната недела, благодарение на проценките дека побарувачката за „црното злато“ може да се зголеми. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4 отсто, на 85,34 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 3,9 отсто, на 81,04 долари.
Зголемувањето на цената на лондонскиот пазар над 85 долари, првпат од ноември минатата година, следеше по проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно во првиот квартал.

