3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците масовно затвораат кафулиња и ресторани: Од 2020 година ставиле катанец на...

Германците масовно затвораат кафулиња и ресторани: Од 2020 година ставиле катанец на над 54.000 објекти

Кризата ги затвора рестораните и кафулињата во Германија – тешките времиња за германските ресторани продолжуваат.

Од првата година на пандемијата во 2020 година, околу 48.000 компании се затворени, а 6.100 од нив банкротирале, според истражувањето на агенцијата Kreditreform.

Експертите очекуваат натамошен лош тренд.

-Бранот штотуку започна – изјави Патрик-Лудвиг Ханч, шеф на истражувањето на агенцијата, пренесува dpa.

Само минатата година секој десетти претприемач во гастрономијата се откажа од работата. Затворени се 14.000 кафеани, што е повеќе од претходните три години.

Ист е случајот и со банкротите, кои во 2023 година, според податоците на Kreditreform, биле за 27 отсто повеќе отколку во економијата во целина.

Поголемиот дел од малите бизниси, со до 10 вработени, биле несолвентни – 88 отсто од нив.

Ханч вели дека една причина е помошта на владата за време на карантинот. Субвенциите обезбедија опстанок на многу компании и првично спречија затворање на бизниси.

– Угостителството е еден од главните губитници во низата кризи во последните години – рече Ханч, објаснувајќи дека индустријата сè уште не закрепнала од пандемиската криза, а потоа стигна и ударот на инфлацијата.

Дополнително, во средината на 2020 година, Владата привремено го намали ДДВ-то за угостителите, од 19 на седум отсто. Сепак, од јануари редовните цени се вратија на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП