2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗа пристоен живот во Големото јаболко, потребна ви е плата од 138.570...

За пристоен живот во Големото јаболко, потребна ви е плата од 138.570 долари

Њујорк е најскапиот град за самци за живеење во САД.

Имено, за пристоен живот на еден човек во оваа метропола, потребна е годишна бруто плата од 138.570 долари или приближно 127.000 евра, покажува истражувањето на компанијата SmartAsset.

Студијата наведува дека на семејство со две деца му требаат вкупно 318.406 долари годишно за пристојно да живее во Њујорк.

Споменатата фирма истражувала колку бруто плата е потребна за пристоен живот во 99 американски градови врз основа на правилото 50/30/20.

Буџетот 50/30/20 имплицира дека за одржлив комфор, 50 проценти од платата се издвојуваат за основни потреби како што се домување, намирници и превоз, 30 проценти за забава и хоби и 20 проценти за отплата на долг, заштеди или инвестиции, се наведува на веб-страницата Smarteset.

Седум од десетте најскапи градови во Америка се наоѓаат во Калифорнија, и тоа Сан Хозе, Ирвин, Санта Ана, Сан Диего, Чула Виста, Сан Франциско и Оукленд. Во 10-те најскапи се и градовите Бостон и Сиетл.

Спротивно на тоа, најприфатливиот американски град за живеење е Хјустон, Тексас, каде што за пристојно живеење на самец потребна е бруто плата од 75.088 долари годишно, односно околу 69.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП