28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе враќа интересот за руската пченица поради ниската цена

Се враќа интересот за руската пченица поради ниската цена

На почетокот на март има интерес за залихи на руска пченица, покажуваат студиите на руската компанија „СовЕкон“, која ја анализира трговијата со пченица низ Црното Море.

Според податоците, зголемувањето се должи на ниската цена – до 199 – 202 долари за тон. Ова е најниско ниво од август 2020-та година, велат аналитичарите.

Генерално, цените паѓаат – пазарите се презаситени, а побарувачката е релативно слаба. Купувачите се надеваат дека ќе видат уште пониски цени, а Египет, на пример, одби да одржи однапред објавена аукција.

Цените на француската пченица исто така се намалени – од крајот на јануари до средината на март, пченицата падна од 240 на 209 долари за тон.

Руските извозници се соочија со сериозни проблеми на крајот на 2023-та година, кога Министерството за земјоделство постави ценовно ниво во опсег од 260-270 долари за тон, под кое не можеше да се склучуваат зделки. Во исто време, просечната цена на пазарот се движеше околу 250-255 долари за тон, па така европските добавувачи победија на аукциите со цени за само неколку долари пониски.

Така, до крајот на јануари 2024-та година, залихите на пченица во земјоделските и неземјоделските стопанства во Русија достигнаа рекордни 36,5 милиони тони. Добрата жетва од 92,7 милиони тони (во споредба со просечните 88,7 милиони тони во последните три години) исто така придонесе за складирањето.

Во 2024-та година се очекува и жетвата да биде добра – околу 93,6 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП