2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа кампување наместо на летување – најтешкиот дел е купувањето камп-приколка

На кампување наместо на летување – најтешкиот дел е купувањето камп-приколка

Со пристигнувањето на топлите летни денови, многу македонски семејства размислуваат за начини како да го искористат своето време за одмор.

Додека класичните апартмани и хотели се првиот, но скап избор за многу семејства, во последно време се забележува зголемен интерес кон камперски одмори во камп-приколки.

Зошто камперски одмори?

Слобода на движење и блискост со природата: Летувањето во камп-приколка нуди слобода на движење. Наместо да бидете сместени на едно место, можете да истражувате различни локации и да уживате во природата. Во Македонија и широм светот, постојат уредени кампинг летувалишта каде може да престоите безбедно и да го почувствувате окружувањето.

Економичност: Камперскиот одмор е значително поевтин од хотелскиот. Иако не може да се спореди со комодитетот на хотелите и студијата, сепак, и камп-приколките нудат удобност и се подвижни. Патувањето со сопствено возило е исто така економично.

Без ограничување на багажот: Во камп-приколката имате доволно место за облека и обувки. Не мора да се грижите дали ќе ви фали нешто.

Но, очигледно, најголемиот проблемот е со достапноста на камп-приколки.

Иако интересот расте, проблемот е во тоа што во Македонија е тешко да се најде камп-приколка.

Увозот на овие возила не е популарен, а на пазарот се нудат камп-приколки по различна цена.

Во зависност од марката, годината на производство и големината, цените се разликуваат. Но, за помалку од 1.200 евра не може да се најде пристојна камп-приколка.

Денар на оваа тема разговараше со скопјанец кој заедно со своето семејство веќе неколку години активно кампува во Грција.

„Веќе 5-6 години секое лето кампувам во Грција. Камперскиот одмор ми овозможува да истражувам различни плажи и локации, а и да уживам во слободата на движење. Не само што е економичен одмор, туку и доживувањето е непроценливо“, изјави нашиот соговорник.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП