ЗДРАВЈЕ

Имате проблеми со запек? Оваа храна ќе ви го реши проблемот!

Проблемите со запек може да се појават поради неколку причини, но недоволното внесување на влакна е блиску до врвот на листата.

Најдобриот дневен внес на растителни влакна е помеѓу 28 и 34 грама, а најлесен начин да го зголемите внесот на влакна во организмот е да ја промените исхраната.

Диететичарката Ерика Барера истакна една храна за која тврди дека е најдобра во решавањето на проблемот со запек.

Храната која се издвојува е овесната каша, која многу луѓе сакаат да ја јадат за појадок.

Познато е дека влакната се добри за организмот и дека помагаат при проблеми со запек, а во овесната каша има дури два вида влакна: растворливи и нерастворливи.

Диететичарката Ерика Барера објаснува дека „нерастворливите влакна се крупни влакна кои го стимулираат лачењето на вода и слуз во цревата, што дава лаксативно дејство, додека растворливите влакна создаваат гел и имаат висок капацитет за задржување вода, што ја зголемува и омекнува столицата во дебелото црево и го олеснува празнењето“.

Токму затоа многу експерти препорачуваат да се јаде овесна каша за појадок со цел веднаш да се влијае на здравото функционирање на цревата. Покрај здравствените придобивки, овесната каша е и многу вкусна и може да се комбинира со овошје или разни јаткасти плодови.

Една чаша овесна каша има осум грама влакна, пренесува „Eating Well“.

Ако сакате поздрав цревен микробиом, јадењето повеќе влакна е еден од најдобрите начини да го направите тоа. Овесната каша содржи добар извор на влакна, особено бета-глукан, кој има здравствени придобивки.

„Бета-глуканот ферментира во цревата и создава разновидност на бактерии, што може да помогне во подобрување на цревниот микробиом со намалување на воспалителните својства и зајакнување на имунитетот“, објаснува Барера.