13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките земјоделци ги поставија тракторите

Грчките земјоделци ги поставија тракторите

greekfarm

Грчките земјоделци ги паркира своите трактори на главните сообраќајници низ земјата, но најавија дека нема да го блокираат движењето на возилата додека не бидат донесени конечни одлуки во врска со нивните барања.

Моментно се водат разговори меѓу нивните претставници со Владата и политичките лидери.

Лидерите на двете партии во владејачката коалиција ПАСОК и ДИМАР, Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис се ангажираа за разгледување на барањата на земјоделците, а опозицијата стои цврсто зад нив.

Синдикатот на земјоделските производители (ПАСЕГЕС) за денеска закажа средба на сите здруженија и синдикални организации, со цел да се подготви стратегија за заеднички дејствувања.

Земјоделците во Грција бараат пониски цени на горивата, земјоделските суровини да бидат ослободени од ДДВ и да бидат заштитени малите и средни производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП