27 април, 2024
ПочетнаСВЕТПутин: Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на закана

Путин: Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје во случај на закана

Русија останува во борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов не брза, изјави во средата рускиот претседател Владимир Путин.

Во интервју за државните медиуми, Путин, кој ја започна војната во Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, рече дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.

„Од воено-техничка гледна точка, се разбира, ние сме подготвени“, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“ и за новинската агенција РИА на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.

Тој рече дека САД разбираат дека ако распореди американски војници на руска територија или во Украина, тој чекор ќе се третира како интервенција.

„Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање“, рече Путин. Затоа не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвени за тоа“, додаде тој.

Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е наведено во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги утврдува околностите под кои Русија би можела да го користи своето оружје. „Оружјето постои за да се користи“, рече тој. „Ние имаме наши принципи“.

Доколку САД извршат нуклеарни проби, Русија би можела да го стори истото, додаде тој во опширното интервју, пренесува Јутарњи лист.

„Не е потребно…сè уште треба да размислуваме за тоа, но не исклучувам дека можеме да го сториме истото“.

Но, Путин рече дека Русија никогаш не се соочила со потребата да користи нуклеарно оружје во Украина, каде што конфликтот трае од февруари 2022 година. „Зошто да користиме оружје за масовно уништување? Никогаш немало таква потреба“.

Рускиот претседател во интервјуто изјави и дека Русија не се меша во никакви избори и дека ќе соработува со кој било избран лидер на САД. „Ние на ниту еден начин не се мешаме во никакви избори“, рече тој.

„И, како што многупати кажав, ќе работиме со секој лидер на кој американскиот народ, американскиот гласач има доверба“, додаде тој.

Путин исто така рече дека влезот на Финска и Шведска во НАТО е „бесмислен чекор“ и дека Русија ќе распореди војници и системи за уништување на финската граница откако Финска ќе се приклучи на алијансата.

„Ова е апсолутно бесмислен чекор (за Финска и Шведска) од гледна точка на обезбедување на сопствените национални интереси“, рече тој. „Немавме војници таму (на финската граница), сега ќе бидат таму. Немаше систем за уништување, сега ќе се појави“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП