2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежништвото и натаму во слободен пад!

Градежништвото и натаму во слободен пад!

Продолжува негативниот тренд во градежниот сектор во Македонија. Официјалните податоци покажуваат дека намалените градежни активности од лани се прелеаа и во 2024 година. Градежните компании во привиот месец од годинава добиле помалку одобренија за градба во споредба со истиот месец од 2023 година, а со тоа и предвидената вредност на проектите е намалена за речиси 50 отсто во однос на истиот период лани. Градежниците веќе со месеци алармираат дека состојбата со нивниот сектор е алармантна.

Во јануари 2024 година се издадени само 256 одобренија за градба и тоа на цела територија на државата. Ова претставува намалување за цели 35 отсто во однос на истиот месец лани.

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуват дека вредноста која се проценува на потенцијалните објекти кои ќе бидат во градба во следниот период ќе изнесува нешто над 73 милиони евра. Но, статистичарите пресметале дека намалувањето на вредноста на проектите во споредба со оние од јануари 2023 година е намалена за 42 отсто. Во однос на издадените одобренија за градба 166 или 65 отсто се наменети за високо градба, а пак 19 отсто се за нискоградба, односно 48 одобренија по овој основ. За реконструкција се издадени 42 одобренија за градба или нешто над 16 отсто. Од овие одобренија за градба на пазарот со недвижности ќе се најдат дополнителни 615 нови станови.

Полошкиот регион е лидер во овој извештај по добиените одобренија за градба и тоа со 67. Од нив најголемиот дел од одобренијата ги добиле физички лица односно 56 и 11 компании. Следува Скопскиот регион со 41 одобрение каде 21 одобрение е добиено од страна на граѓани, а останатите 20 градежни одобренија се за правни субјекти. Во Пелагонискиот регион има 21 одобрение и тука има повеќе за комапнии или 16, а за домаќинства само 5. И во Вардарскиот регион повеќе компании ќе гхрадат од колку физички лица, односно 13 градежни компании добиле одобрение за градба а 12 граѓани го добиле овој важен документ. Во Југоисточниот во јануари биле издадени 26 одобренија за градба и тоа за граѓани 18 а пак за градежни фирми осум. Податоците велат дека во источниот дел од земјава одобренија за градба во јануари биле издадени 16 за граѓани 11 за фирми, а пак во Југозападниот дел се издадени 35 одобренија за градба.

Во однос на нови станови, со овие одобренија предвидено е да се изградат најмногу во Југозападниот дел од Македонија, однсоно 209. Најмногу во Охрид 150 и во Дебар 48. На второ место е Пелагонискиот со 113 станови и речиси сите во Битола. Во Југоисточниот регион ќе се градат 119 нови станови, а најмногу ќе има во Дојран и Гевгелија нешто повеќе од 100. Следува Скопскиот регион со 77 одобренија, а најмногу станови ќе се градат во Гази Баба, Центар и Аеродром.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП