3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПазарите со нетрпение ги чекаат воените обврзници на ЕУ

Пазарите со нетрпение ги чекаат воените обврзници на ЕУ

Инвеститорите ги повикуваат европските лидери да стават крај на кавгата и да ги здружат силите за трошоците за одбраната.

Според „Bloomberg“, интересот на пазарот е голем и побарувачката нема да биде дел од предизвиците со кои ќе се соочи заедницата доколку одлучи да издаде обврзници за да ги финансира своите воени трошоци.

Во моментов има недостиг на обврзници оценети со ААА, откако САД го загубија својот врвен рејтинг во 2023-та година, а менаџерите на фондовите чекаат повеќе европско издавање, додаде „Bloomberg“.

„Инвеститорите се гладни за такви обврзници“, коментираат менаџерите од фондот „Barings“, кој управува со европскиот долг.

Ентузијазмот е видлив – минатиот месец за емисијата на ЕУ од 3 милијарди евра пристигнаа барања во вредност од 81 милијарда евра или 27 пати повеќе од најавеното. Интересот е уште поголем отколку што беше за првите општи европски обврзници издадени во октомври 2021-ва година. Досега ЕУ има заеми за обврзници од околу 450 милијарди евра, издадени главно за финансирање на фондот за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.

Идејата за издавање обврзници за покривање на воените трошоци на ЕУ добива на интензитет во заедницата откако се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин планира да нападне друга европска земја доколку победи во војната во Украина. Со децении во ЕУ, одбранбениот сектор беше систематски недоволно финансиран и стравувањата се дека унијата е „опасно неподготвена“.

Најдобро е што овој долг не е вклучен во националната статистика и земјите не ги прекршуваат европските правила за односот на долгот кон бруто домашниот производ (до 3%), односно дека се исполнети барањата од Мастрихт и има нема казнени процедури за вишокот дефицит, објаснува Мориц Кромер, главен економист во германската банка „LBBW“.

Комесарот за економски прашања Паоло Џентилони ја коментираше можноста како прифатлив начин за справување со кризата. Планот особено им се допаѓа на земјите со добро развиена воена индустрија како што е Франција, како и оние блиски до Русија како Естонија. Но, идејата за заедничко трошење беше отфрлена од Германија и Холандија, а секоја земја во ЕУ се грижи за себе во последните две години од почетокот на војната во Украина.

Европа го удвои увозот на оружје во последните пет години

Според податоците на Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИПРИ) со седиште во Стокхолм, во периодот 2019-2023 година, ЕУ го зголемила увозот на оружје за 94%, а најголем европски увозник на оружје е Украина.

Франција, пак, ја измести Русија од второто место на светскиот снабдувач на воена опрема.

Први се САД, чиј извоз е зголемен за 17% во последните пет години. Според податоците на СИПРИ, земјата има удел од 42 отсто од светскиот извоз на оружје.

Извозот на Русија во овој период е намален за 53%, а уделот во светските залихи сега е 10%, или еднаков на оној на Франција. Во 2019-та година Русија испорача оружје на 31 земја, а во 2023-та година на 12. Две третини од извозот на руска воена опрема во периодот 2019 – 2023 година беше насочен кон Индија, Кина и Египет.

САД се главниот снабдувач на оружје за Украина, а потоа следат Германија и Полска, покажуваат и податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП