6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТри симптоми кои се јавуваат само наутро и можат да бидат почеток...

Три симптоми кои се јавуваат само наутро и можат да бидат почеток на рак

Секогаш кога ќе се спомене рак, автоматски го мислиме најлошото.

Проценките покажуваат дека до 2040 година годишно ќе има 27,5 милиони новодијагностицирани заболени од рак. Иако звучи шокантно, големи се шансите дека ракот може да се излечи ако рано се фати.

Симптомите на рак во почетната фаза тешко се забележуваат, но фармацевтот Абас Канани предупреди дека има три знаци на рак кои се појавуваат наутро.

Болка во грлото

Канани ги советува сите што ќе се разбудат со болно грло кое не поминува по две недели да се обратат на лекар. Истото важи и за кашлица.

„Пушачите често наутро се будат со кашлица. Сепак, упорната кашлица која трае повеќе од две недели треба да се провери, особено ако пушите“, изјави Канани за „Експрес“.

Замор

Утринскиот замор за некои луѓе може да биде знак за нешто злобно.

„Нормално е да се чувствувате уморни во текот на целото утро, но ако ви е невообичаено или забележите дека заморот трае цел ден, дефинитивно проверете за што се работи. Заморот со други необични знаци не е занемарлив“, додаде тој.

Влажен кревет

„Ако се будите наутро и вашиот кревет е мокар или влажен од пот, тоа значи дека се потите во текот на ноќта. Проверете кај вашиот лекар, особено ако ноќното потење е придружено со замор, губење на тежината или модринки“, советува Канани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП