2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на платите во еврозоната забавува во К-4 од 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Растот на платите во еврозоната забавува во К-4 од 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Клучниот мерач на платите во еврозоната забави кон крајот на минатата година – нудејќи дополнителна доверба на претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ) кои сигнализираа дека може да започнат со намалување на каматните стапки во јуни.

Платата по вработен се зголеми за 4,6 отсто во четвртиот квартал во однос на претходната година, што е намалување од пријавените 5,1 отсто во претходните три месеци, покажаа податоците на ЕЦБ, цитирани од „Bloomberg“.

Регулаторот ги идентификува платите како клучен двигател на инфлацијата додека централните банкари се приближуваат до нивната цел за раст на потрошувачките цени од 2%. Главниот економист Филип Лејн ја опиша платата на вработените како „најсеопфатен индикатор“ за растот на платите.

ЕЦБ очекуваше олеснување на реперот во четвртиот квартал и посочи во четвртокот, откако ја остави депозитната стапка на 4% на четврти последователен состанок, дека трендот веројатно ќе продолжи.

Платите во еврозоната забележаа ладен раст кон крајот на 2023-та. Графикон: „Bloomberg“.

Сепак, ќе остане „повисоко од историските нивоа поради сè уште тесните пазари на труд, компензирањето на инфлацијата и зголемувањето на минималните плати“, соопшти ЕЦБ.

„На крајот на хоризонтот се очекува да достигне 3%, процент што генерално одговара на збирот на проектираниот раст на економијата и инфлацијата“, додаваат од ресорот.

Пред објавувањето на податоците во петокот, претставниците на ЕЦБ ја повторија важноста на платите, истовремено изразувајќи поголем оптимизам за изгледите.

„Растот на платите се чини дека забавува до одреден степен“, изјави за „Bloomberg“, Мартинс Казакс, шеф на централната банка на Латвија.

„Гледаме некои водечки показатели, исто така, кои укажуваат во иста насока. Сепак, тој рече дека неговите колеги треба „да останат трпеливи и претпазливи“ пред да одлучат да ги намалат трошоците за задолжување“, додава тој.

Мадис Милер, гувернер на регулаторот во Естонија, нагласи дека ЕЦБ внимателно го следи „енергичното зголемување на просечните плати во еврозоната“. Зголемувањето на платите од близу 5% би го отежнало забавувањето на инфлацијата, посочува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП