2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата Листа на должници за неплатен данок

УЈП ја објави најновата Листа на должници за неплатен данок

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2024 за долгови доспеани до 30.11.2023 и неплатени до 29.02.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1801 должници – правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2024 изнесува 9.829.008.706 денари, (помалку за 516.849.267 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566денари, (помалку за 513.855.269 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 201.689.140 денари (помалку за 2.993.998 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП