28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБидете дел од бесплатниот вебинар на КИБС и Nextsense: „Како до еволуција...

Бидете дел од бесплатниот вебинар на КИБС и Nextsense: „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“

КИБС и Nextsense организираат бесплатен интерактивен вебинар под наслов „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ кој ќе се одржи на 21 март 2024, со почеток од 14 часот. 

Како директен резултат на глобалните текови и рапидниотраст и развој на полето на дигиталната трансформација, услугата OneID беше лансирана при крајот на 2021 година како прва македонска услуга за електронска идентификација изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и европската регулатива еIDAS и согласно македонскиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. OneID е услуга за електронска идентификација на граѓаните на далечина при користење на онлајн услуги од правни лица која овозможува онлајн-идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на доверливост. 

За многу краток период, Оne ID беше препознаена иимплементирана во работата на неколку водечки компании во земјава, па токму поради зголемениот интерес во бизнис-секторот, КИБС и Nextsense на специјален настан ќе ги претстави досегашните позитивни искуства, придобивките и предностите кои произлегуваат од нејзината имплементација. На овој вебинар, говорниците Сузана Тасевска и Виктор Крстевски ќе ги опфатат следниве теми:

-Што е електронскиот идентитет и со кои предизвици се соочуваат компаниите при верификација на идентитетот? Кои се потенцијалните ризици?

-Што е OneID, како функционира и за кого е наменет?

-Како OneID ќе го подобри корисничкото искуство преку поедноставување и забрзување на процесите како што се отворање сметка, потпишување документи и пристап до услуги? 

-Каква е моменталната законска регулатива на полето на верификацијата на електронскиот идентитет? Како OneID e усогласен со релевантните закони, индустриски стандарди и рамките за заштита на податоци?

Вебинарот ќе има интерактивен карактер, што значи дека присутните ќе добијат можност да поставуваат прашања во врска со услугата OneID и нејзината имплементација. Заинтересираните за учество на вебинарот „Како до еволуција и раст на вашиот бизнис со OneID“ можат да го регистрираат своето присуство на следниот линк: https://bit.ly/3IjG4no и да го направат првиот важен чекор кон дигитална трансформација на нивните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП