Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки.
За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx.

