27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2024

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2024

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 29.02.2024 година вкупниот промет изнесувал 856.311.858 денари и е зголемен за 88.87 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 700.407.896 денари и е зголемено во однос на јануари за 67,46 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 610.519.596 денари и обврзници во вредност од 89.888.300 денари.

Блок трансакциите за февруари изнесувале 134.382.870 денари.

Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.331 и е зголемен за 42,74 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.633.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за февруари 2024 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП