13 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСедум кандидати ќе се борат на изборите за претседател на државата

Седум кандидати ќе се борат на изборите за претседател на државата

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК и партиските конвенции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што се одржаа викендов.

ВМРО-ДПМНЕ официјално на конгрес ја потврди поддршката за Гордана Силјановска-Давкова, а СДСМ за реизбор на актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски. И двајцата во текот на вчерашниот ден, и покрај загарантираниот влез со 30 пратеници, собраа и над 10.000 граѓански потписи.

Претходно, потребниот број потписи го собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди, Максим Димитриевски – кандидат на ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Останатите кандидати во трката за претседател се далеку од 10.000 потпишани, што е неопходно за учество на претседателските избори.

Според последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК) до вчера во 20 часот, Мерсиха Смаиловиќ – поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз, има 1.411 потписи, Вело Марковски како независен кандидат има 1.402 , за Господин Попоски од Вевчани се потпишале 109 граѓани, за Зорица Цветковска од Десна – 195, независниот кандидат Ѓoрѓи Манасков – 414 граѓани, додека кај Томе Николоски кој се откажа од трката стои бројката на нула потписи. И Ѓорѓи Манасков вчера укажа на нерегуларности и побара да се стопира целата постапка за собирање потписи.

Рокот за собирање на потписи истекува на 8 март, на полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП