1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се искачи над 83 долари! Се чека одлуката на...

Цената на нафтата се искачи над 83 долари! Се чека одлуката на ОПЕК, еве што ќе биде со „црното злато“ до крајот на годината

Крајот на неделата донесе раст на цената на нафтата на светските берзи. Цените растат под влијание на шпекулациите дека водечките производители ќе ги намалат испораките и во вториот квартал, а можеби и подолго.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во март беше повисока за 1,43 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 83,34 долари. Договорите за испорака во април истекоа во четвртокот, а тргувањето заврши со цената на нафтата на 83,62 долари.

На американскиот пазар цената на барелот денеска порасна за 1,54 долари и се тргуваше по 79,80 долари. На крајот на неделата, трговците беа убедени дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници ќе ја ограничат понудата и во вториот квартал. Одлуката треба да биде донесена следната недела.

Со ограничување на понудата до крајот на годината, тие би испратиле силна порака и тоа би ги зголемило цените, објаснува Карстен Фрич од Комерцбанк. Ако го ограничат до крајот на вториот квартал, цените нема значително да се променат бидејќи можноста е веќе вклучена во цената, додава Фрич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП