Во четвртиот квартал на 2023 година, статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 1,90 проценти, односно дека имало 9.518 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Ѓ – Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.

