Годишната инфлација во еврозоната во февруари изнесуваше 2,6 отсто, објави Евростат во својата прелиминарна проценка во петокот. Иако инфлацијата забави од 2,8 отсто во јануари, предвидувањата на аналитичарите за инфлација од 2,5 отсто не се остварија.
Според главните компоненти на инфлацијата во еврозоната, храната, алкохолот и тутунот се очекува да имаат највисока годишна стапка на раст во февруари, четири отсто по 5,6 отсто во јануари. Прелиминарната проценка на Евростат покажува дека потрошувачките цени растат со најбавно темпо во последните три месеци, но и понатаму се над целната стапка на инфлација од два отсто.

