30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА40 проценти од прегледите на YouTube доаѓаат од мобилните уреди

40 проценти од прегледите на YouTube доаѓаат од мобилните уреди

youtube gledasnost

Доколку се вратиме назад во 2007-та година ќе се потсетиме дека тогаш „Apple“ го постави „YouTube“ клиент на својот прв паметен телефон „iPhone“.

Денеска, шест години подоцна, „Google“ вели дека 40 проценти од прегледите на видео записите на „Youtube“ доаѓаат од мобилните уреди. Ова е значително поголем процент од минатогодишниот кој покажуваше дека 25 проценти од корисниците гледале видео записи од мобилните уреди.

Во 2011-та година мобилните уреди беа одговорни за само шест проценти од прегледите на видеата на „Youtube“. „Apple“ подоцна го отстрани „YouTube“ клиент во „iOS 6“ верзијата, овозможувајќи му на „Google“ да понуди „YouTube“ апликација во „App Store“.

За разлика од оргиналниот клиент, апликацијата овозможува „Google“ да прикаже реклама пред да се одбере видеото. Ќе го истакнеме и фактот дека денеска не е за изненадување колку мобилни уреди не нудат „Youtube“ клиент за „iOS“ или „Android“, и се очекува овој процент во иднина уште повеќе да се зголеми.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП