3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗимбабве има само 217 долари

Зимбабве има само 217 долари

zim1

Зимбабве е во финансиски колапс, а во државната каса останале само 217 долари, обелодени министерот за финансии Тандеј Бити.

Тоа е сумата, според изјавата на Бити, која е останата во државната каса, откако се исплатени платите на државните службеници.

Министерот додаде дека некој од овие службеници има повеќе пари отколку што во моментов има во трезорот на државата.

Економската ситуација во Зимбабве започна нагло да се влошува во почетокот на последната деценија, кога претседателот на оваа африканска држава Роберт Мугабе, нареди да се одземе земјиштето од земјоделците, кои главно потекнуваа од Велика Британија и од некои други европски земји.

Таквата политика предизвика пад на довербата кај инвеститорите, а производството во Зимбабве драматично се намали, особено по воведувањето на меѓународните санкции во земјата, пренесува агенцијата АР.

Меѓународните санкции и другите проблеми предизвикаа голем пад на девизните приливи од странските туристи во Зимбабве, а поради глобалната економска пропаст во земјата, по разорната хиперинфлација во 2009 година, земјата престана да ја користи сопствената валута и премина на доларот.

Покрај извесното подобрување на економската ситуација во текот на изминатата година, економијата во Зимбабве, според оценката на експертите, е сеуште во лоша состојба, а условите за бизнис се отежнати поради значително намалената ликвидност, нестабилноста во снабдувањето со електрична енергија и недостатокот на работна сила.

Државниот буџет на Зимбабве е утврден на сума од 3,8 милијарди долари, а според оценките на економистите, земјата би требало да оствари пет процентен економски раст. Министерот за финансии, изјави дека ќе побара финансиска помош од другите земји.

Оние кои добро ја познаваат економската ситуација во Зимбабве, наведуваат дека во земјата во моментот 90 проценти од работоспособното население нема работа, а големите фарми кои претходно им беа одземени на европските земјоделци се целосно запоставени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП