2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТАзиланти ја преплавија Европската унија

Азиланти ја преплавија Европската унија

Барателите на азил буквално ја преплавија Европската унија, а тоа го потврдуваат и последните објавени податоци.

Имено, бројот на барања за азил во 2023 година скокнал за 18 отсто на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа во средата податоците на Европската агенција за азил (EUAA).

Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на крајната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и на крајот изборите за Европскиот парламент во јуни.

Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на EUAA. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, поднесувајќи 82 отсто повеќе барања отколку една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП