2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Работиме со загуба, мора да затвориме“ – угостителството ни е во тешка...

„Работиме со загуба, мора да затвориме“ – угостителството ни е во тешка криза

Недостигот од кадар, скапата индустриска струја и високата инфлација им создаваат главоболки на угостителите во Скопје, кои се принудени да стават клуч на своите дуќани. 

Како што и самите велат, клучот на врата полека станува симбол на борбата за остварување на профит во овие тешки економски услови.

На оваа тема екипата на Денар разговараше со сопственик на кафе-бар во центарот на Скопје, господинот Илија Велковски, кој со жалење ни го сподели своето лоши и болно искуство:

„За нас угостителите, високите давачки и малата заработка се реалност. Ние се соочуваме со огромни трошоци за електрична енергија, но и со други реални трошоци како повисока кирија, повисока дневница за вработените, давачки кон државата… Додека се бориме да го задржиме бизнисот, инфлацијата непрекинато го гризе нашиот профит. Не сакам да зборувам предвреме, но мислам дека наскоро треба да го затворам кафе-барот”, објаснува нашиот соговорник.

Слична судбина го дели и сопственикот на слаткарница во Ѓорче Петров, господинот Адем.

Во разговор за Денар тој вели:

„Со месеци работев со загуба и на крајот одлучива да ставам клуч на врата. Немаше друго решение. Плаќав висока месечна кирија за просторот, плаќав две девојчиња кои работеа како келнерки во слаткарницата, плаќав неверојатно високи сметки за струја, а гости имав сè помалку и помалку. Можеби згрешив и требаше да ја почекам пролетта кога надвор е пораздвижено со народ, но не можев финансиски да издржам. Само тонев и тонев. Не можевме повеќе да работиме со загуба. Инфлацијата и високите давачки нè притискат, а малата заработка не ни овозможуваше да останеме отворени”, коментира Адем.

Тој вели дека загубата е нешто што не може да се игнорира.

„Со ставањето клуч на врата се обидов да го задржам барем тоа што ми остана. Инфлацијата и високите давачки се тешки препреки“, додава нашиот соговорник.

Дека алармот е вклучен потврдува и Весна Маџарова, сопственичка на мини-пекарница во населбата Козле.

„Сметките за струја се неверојатно високи. Целиот наш профит се претопува и го трошиме на сметки за електрична енергија. Не можеме да продолжиме вака. Размислувам да ставам клуч на вратата. Не е лесно, но не знам како поинаку да се изборам со кризата“, објаснува Маџарова.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП