9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските потрошувачи се уште се песимисти, се повеќе штедат поради кризата и...

Германските потрошувачи се уште се песимисти, се повеќе штедат поради кризата и економската неизвесност

И покрај малото подобрување на расположението, германските потрошувачи се сè уште песимисти и не сакаат да трошат пари, покажа денеска објавеното истражување на германската агенција за истражување на пазарот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Индексот на расположението на потрошувачите за февруари благо порасна од минус 29,6 поени во јануари на минус 29 поени, се наведува на веб-страницата на агенцијата GfK.

„Постои голема неизвесност меѓу потрошувачите во Германија“, објаснува Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (NIM).

Тој изјави дека Германија се уште чека економско закрепнување.

Потрошувачите очекуваат во иднина да им се зголемат приходите, што е подобрување од јануари, но не се расположени за трошење туку за заштеда.

Подиндексот што ја мери склоноста кон штедење се зголеми од 14 поени во јануари на 17,4 поени, што е највисока вредност од јуни 2008 година.

Расположението на германските потрошувачи веројатно нема значително да се подобри во блиска иднина, се заклучува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП