21 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 15 години државата ќе ги врати парите што ќе ги вложи...

За 15 години државата ќе ги врати парите што ќе ги вложи во „Митилинеос“, во следните 15 ќе го удвои вложеното

Државата ќе ги врати парите за 15 години, а во следните 15 години ќе го удвои вложеното во стратешката инвестиција „Митилинеос“, според одредбите во предлог-законот и во договорот, кои се во собраниска процедура, велат експертите.

Вредноста на инвестицијата на реномираната грчка компанија „Митилинеос“ во когенеративната централа во новата зона „Енергија Скопје“ има вредност од околу 290 милиони евра. Со предлог-законот и договорот, кои се во собраниска процедура, финансиската поддршка од државата е дефинирана на 17%, што на оваа инвестиција изнесува помалку од 50 милиони евра за пет години. Со договорот „Митилинеос“ е обврзан да вложи во целокупната инфраструктура на локацијата, изградба на капацитет и на приклучоци.

-Компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Нема никакви ослободувања. Само по оваа основа, согласно деловниот план доставен за 30 години, државата ќе приходува меѓу 120 и 150 милиони евра, односно на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2,5 и 3 евра – вели директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

Условите за инвестицијата што ги овозможува државата од аспект на инфраструктура се вообичаени како и за преостанатите инвеститори. На локацијата „Железара“ дел од инфраструктурата постои и ќе се користи и за оваа инвестиција. Преостанува реализација на приклучна улица до парцелата во должина од приближно 500 метри. Инвеститорот, исто така, се обврзува и сам да финансира редовни и планирани ремонти.

Дополнително, земјиштето со површина од 11,5 хектари и целокупната изградена инфраструктура остануваат сопственост на државата.

-За користење на земјиштето инвеститорот ќе плаќа годишен надомест од 2 евра/м2 или вкупно 230.000 евра на годишно ниво. Само по основ за користење на земјиштето приходот за државата ќе биде седум милиони евра. Тоа се седум милиони евра повеќе за граѓаните од ова државно земјиште кое со децении стои неискористено – вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП