28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва се скриени симптоми на заболен црн дроб: Доколку ги забележите, веднаш...

Ова се скриени симптоми на заболен црн дроб: Доколку ги забележите, веднаш контактирајте го вашиот лекар

Многу луѓе не се ни свесни дека имаат проблеми со црниот дроб бидејќи не чувствуваат силна болка. И ова може да создаде уште поголем проблем, бидејќи кога ќе се открие болеста, може да биде предоцна.

Лекарот од Универзитетот Лома Линда, Мајкл Л. Волк, откри три скриени знаци на кои треба да обрнете внимание.

Жолтите белки во очите се првиот скриен знак дека црниот дроб не работи правилно.

Како уште еден знак Волк го спомна пајаковиот ангиом, кој најмногу се јавува на градниот кош. Станува збор за отечени крвни садови кои создаваат дамка со „проширувања“ кои изгледаат како пајакова мрежа.

Доколку лекарот утврди дека кај пациентот има зголемени ензими, тоа е сигурен знак дека има проблеми со црниот дроб. Понатамошниот третман ќе се заснова на анализа на ензимите на црниот дроб на самиот пациент.

Цирозата е состојба во која црниот дроб на пациентот е целосно оштетен и нема надеж за опоравување. Постојат неколку видови на заболување на црниот дроб, вклучувајќи: алкохолно заболување на црниот дроб, безалкохолно масно заболување на црниот дроб, хроничен вирусен хепатитис Б или Ц и автоимуна болест на црниот дроб.

„Постојат пет главни фактори на ризик за добивање цироза: дебелина, дијабетес, злоупотреба на дрога или алкохол и трансфузија на крв пред 1992 година“, додаде Волк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП