28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на гасот во Европа најниска во последните три години

Цената на гасот во Европа најниска во последните три години

Цената на природниот гас во Европа денеска падна на најниско ниво во последните три години.

Вчера во холандскиот TTF центар требаше да се одвојат 22,3 евра за мегават час за испорака во март, што е најниско од мај 2021 година.

Аналитичарите го објаснуваат падот поради благата зима и доволно залихи од членките на ЕУ.

Складиштата за гас, кои вообичаено во зима се прилично празни поради греењето, во земјите на ЕУ во просек се полни 64,7 отсто.

Цената на природниот гас во Европа нагло порасна по рускиот напад на Украина. Во 2022 година требаше да се платат повеќе од 300 евра за мегават час. По смирувањето на економската состојба, цената почна да паѓа. Кон средината на минатиот февруари падна под 50 евра за мегават час за прв пат по година и пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП