2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада ги ограничува цените на недвижностите со нов данок

Канада ги ограничува цените на недвижностите со нов данок

Канадската провинција Британска Колумбија сака да воведе данок до 20 отсто на приходите од продажба на станбени недвижности во рок од две години од купувањето, покажа буџетот за 2024 година.

Продавачите би платиле данок од 20 отсто доколку го продадат имотот во рок од 365 дена од купувањето. Во втората година даночната стапка би паднала на нула.

Предложениот закон предвидува исклучоци во случај на развод, смрт, инвалидитет и преселба.

Британска Колумбија сака да ги потисне шпекулациите со данок што може да резултира со ненадејно зголемување на цената на станбените недвижности на краток рок.

Предлогот мора да биде одобрен од Парламентот на Британска Колумбија. Канада веќе ја регулираше препродажбата на недвижен имот на федерално ниво, во услови на криза на скапи станови чии корени лежат во силната побарувачка и оскудната понуда под притисок на високите трошоци за изградба, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП