2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарите од германскиот буџет наместо за пензии одат за оружје

Парите од германскиот буџет наместо за пензии одат за оружје

Дури 100 милијарди евра од Специјалниот фонд наменет за германската армија (Бундесвер) според сегашните планови, веќе во 2027 година ќе бидат потрошени за набавка на муниција и скапи системи за оружје.

Експертите пресметале дека потоа наместо 52 милијарди евра претходно предвидени за одбраната, буџетот ќе бара повеќе од двојно повеќе, дури 108 милијарди евра.

„Тие дополнителни трошоци едноставно треба да се заштедат на друго место“, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Зидојче цајтунг.

Ова може да се земе само од најголемата ставка во буџетот, онаа на социјалните трошоци. Оваа година државата издвојува околу 176 милијарди евра, повеќе од една третина од вкупниот буџет, за невработените и за другите социјално ранливи групи и пензионери.

Родерих Кизеветер, експерт за одбрана на опозициската ЦДУ, исто така смета дека на Бундесверот му требаат драматично повеќе пари за да дејствува како навистина модерна армија и да ја брани земјата од можен напад.

Кизеветер е поранешен офицер, а денес е пратеник во германскиот парламент и се согласува со комесарката за одбрана на Бундестагот Ева Хегл од редовите на СПД, која ја проценува сумата на 300 милијарди евра.

Кисеветер во интервју за Дојче веле потсетува на многуте кризи кои ја погодија Германија за многу краток временски период, како што се војните во Украина и на Блискиот Исток.

„Во оваа ситуација, императив е конечно да се разјасни на населението дека мора да ги промениме нашите приоритети ако сакаме да продолжиме да живееме во слобода и демократија“, вели пратеникот на најголемата опозициска партија.

Тој оцени дека спротивставувањето на трошоците за одбрана на социјалниот буџет е апсолутно погрешна дебата, со оглед на заканата на која е изложена и Германија.

Сепак, се појави голема возбуда, особено меѓу социјалдемократите и зелените. Тенкови и оружје наместо социјална помош за граѓаните и пензии? Така гласат насловите во германските медиуми.

Членот на Бундестагот Ралф Штегнер (СПД) за Der Spiegel изјави дека внатрешната и надворешната безбедност „никогаш не треба да се ставаат против социјалната кохезија“ и дека „или е неопходен посебен фонд за модернизација на нашата земја или барем реформа на должничката кочница. “

Штегнер предупреди дека повисоките воени трошоци, социјалните заштеди и истовремено почитувањето на должничката кочница ќе ги зајакне десничарските популисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП