4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовото поскапување на катастарските услуги ќе удри директно по џебот на граѓаните

Новото поскапување на катастарските услуги ќе удри директно по џебот на граѓаните

Според претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи, Никола Рибароски најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар на недвижности ќе удрат директно врз џебот на граѓаните.

„Чудно е што ние како комора ќе даваме образложенија за тарифниците кои ги носи агенцијата а тие испраќаат некакви штури соопштенија од кои и стручната јавност и граѓаните се збунети.
Го креваме гласот против маскирањето на она што го прави агенцијата, после цели 10 години на тарифникот за услуги на приватните геодетски компании сега се маскира со повторните енормни поскапувања на катастарот, кои се директен удар по џебот на обичниот граѓанин“, вели тој.

Агенцијата, според Рибароски ваквите поскапувања ги правда со зголемените трошоци на струја, на лиценци за софтвери, на покачените плати за вработените.

„Цените кои што се сега предвидени се многу пореални од претходно. Претходно имавме цени кои беа апсолутно нелогични врз основа на сите трошоци, компаниите немаа никаква исплатливост.
Имотниот лист пред две години чинеше 153 денари, го покачија на 250 денари, сега најновото поскапување не се одонесува на имотниот лист, туку тоа се однесува на прв упис во имотен лист. Сега граѓаните ќе плаќаат 1250 денари по имотен лист“, појасни Рибароски.

Ова значи дека за упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба да платат за секој имотен лист посебно, тоа граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Не е тоа поскапување од 300 проценти како што беше објавено во некои написи, објасни Рибароски, туку како што пресметал, сега станува збор за поскапување од максимум 90 проценти.

„Во зависност за која услуга станува збор, тоа е поскапување од 50, 70, до максимум 90 отсто, значи тука нема никаде поскапување од 300 проценти“, вели Рибароски.

Оценува дека Агенцијата за катастар со нејзиното функционирање во прашање го доведува функционирањето на целиот правен систем во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП