28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да се преживее во Македонија, минималните месечни трошоци речиси 1.000 евра

Како да се преживее во Македонија, минималните месечни трошоци речиси 1.000 евра

Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесуваат 57.476 денари, што претставува зголемување од 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.

Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Според податоците што ги објави ССМ, најголеми трошоци семејството има за храната и за пијалаците – 21.219 денари, потоа образованието и режиските трошоци. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, за рекреација и култура 4.245 денари, а за личната хигиена 2.912 денари.

Од Сојуз на синдикати на Македонија велат дека околу 90 000 лица во Македонија земаат минимална плата, што е загрижувачки, бидејки овие луѓе живеат во сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП