20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнормно висока: Стапката на инфлација во Аргентина над 250%

Енормно висока: Стапката на инфлација во Аргентина над 250%

Годишната стапка на инфлација во Аргентина се искачи на 254,2 отсто на почетокот на 2024 година.

На месечна основа, цените во таа јужноамериканска земја, која страда од тешка економска криза, во јануари пораснале за 20,6 отсто, објави државниот завод за статистика Indec.

Особено силно се зголемија цените на производите за лична нега, транспорт и комуникација. Така, 2024 година во Аргентина започна со највисока стапка на инфлација од 1991 година, кога се соочи со хиперинфлација, објави германската новинска агенција dpa.

Инфлацијата во Аргентина е една од највисоките во светот. Втората по големина економија во Јужна Америка страда од пренатрупан државен апарат, ниска индустриска продуктивност и голема сива економија, што ја лишува земјата од многу даночни приходи.

Претседателот Хавиер Мајли, кој беше избран на оваа позиција од аргентинските гласачи во ноември минатата година, сака да ја врати Аргентина на вистинскиот пат со радикална програма за штедење. Владата нагло ја девалвираше националната валута, пезосот, и најави намалување на субвенциите за гас, вода, струја и јавен превоз, што најверојатно дополнително ќе ги надува цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП