2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата со јаглеродни емисии во светот достигнува рекордни 881 милијарди евра

Трговијата со јаглеродни емисии во светот достигнува рекордни 881 милијарди евра

Вредноста на емисиите на јаглерод со кои се тргува низ светот достигна рекордни 881 милијарди евра или речиси 949 милијарди долари, покажуваат податоците на „LSEG“. Во однос на 2022-ра година има раст од 2%.

Шеми за тргување со јаглерод постојат во многу земји и региони ширум светот, кои главно се користат за поттикнување на големите загадувачи да инвестираат во технологии кои го намалуваат јаглерод диоксидот.

Нема значителна промена во однос на количините на истргуваните емисии – околу 12,5 милијарди тони, но поради рекордните цени во Европа и Северна Америка приходите се зголемуваат. Само преку шемата за трговија во ЕУ – ЕТС се тргуваше со сертификати за 770 милијарди евра, односно 87% од светските.

Просечната цена на емисиите во ЕУ надмина рекордни 100 евра за тон во февруари 2023-та година. Кон крајот на годината, сепак, цената падна со намалување на побарувачката – главно поради производителите на електрична енергија. Поради незаинтересираност, цената на емисиите на јаглерод во ЕУ моментално е под 60 евра за тон.

Минатата година во Велика Британија се тргуваше со емисии на јаглерод во вредност од 36,4 милијарди евра, што е пад од 22% на годишна основа. Цената на емисиите во САД достигна рекорд од речиси 40 долари за тон во 2023-та година, покажуваат и податоците. Вкупните приходи од трговија се 71,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП