17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во САД во јануари забави на 3,1 отсто

Инфлацијата во САД во јануари забави на 3,1 отсто

Потрошувачките цени во САД се зголемија за 3,1 отсто на годишна основа во јануари, откако годишната инфлација беше 3,4 отсто во декември минатата година, соопшти американското Министерство за труд.

Забавувањето на инфлацијата беше нешто помалку изразено отколку што предвидуваа аналитичарите, пренесува француската новинска агенција АФП.

Како што јави АФП, аналитичарите очекуваа дека годишната инфлација во јануари нема да надмине три проценти.

На месечно ниво, цените во јануари пораснаа за 0,3 отсто, откако месечната инфлација во претходните два месеци изнесуваше 0,2 отсто.

Основната годишна инфлација, односно онаа што ги исклучува пофлуктуирачките цени на енергијата и храната, во јануари достигна 3,9 отсто и со тоа остана непроменета во однос на декемвриската вредност. Во овој случај, аналитичарите очекуваа намалување на ценовните притисоци.

Енергенсите во јануари се намалени за 4,6 отсто на годишно ниво, а на храната, пак, за 2,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП