5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија се помалку конкурентна: Високи даноци, неповолен пазар на трудот и претерана...

Германија се помалку конкурентна: Високи даноци, неповолен пазар на трудот и претерана бирократија

Германската владејачка коалиција треба да биде поамбициозна и да ги забрза структурните реформи неопходни за поголема конкурентност на економијата, изјави министерот за финансии и лидер на либералите Кристијан Линднер.

Линднер и министерот за економија Роберт Хабек, член на Партијата на зелените, се согласија, според Линднер, дека Германија повеќе не е конкурентна, јави ДПА. Причината не е само слабата глобална економија, туку и лошите структурни услови.

„Од ова ќе ги научиме потребните лекции – се надевам“, рече Линднер, додавајќи дека смета дека е незамисливо ништо да не се преземе.

Во понеделникот двајцата министри разговараа со претставници на германски компании и финансиски институции во Лондон.

Конкурентноста на Германија, рече Линднер, исто така се влоши поради високите даночни стапки, пазарот на труд кој има потреба од реформи и прекумерната бирократија.

Во тие области, нагласи, мора да се работи. „Министерството за финансии верува дека овде можеме да бидеме уште побрзи и поамбициозни“, заклучи Линднер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП