3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААлтернативата на „X/Twitter“ сега е достапна за сите

Алтернативата на „X/Twitter“ сега е достапна за сите

„Bluesky“, кој се позиционира како ривал на платформата „X/Twitter“, конечно е отворен за јавноста.

Ова значи дека веќе нема да биде потребна покана за да се најавите на „Bluesky“.

Од моментот кога Илон Маск го купи „Twitter“ во октомври 2022-ра година, многу корисници на оваа социјална мрежа изгубија интерес за платформата.

Со падот на интересот за „Twitter“, подоцна „X“, шансата за појава на други платформи како „Bluesky“ и „Threads“ беа промовирани како потенцијални алтернативи на мрежата на Маск.

„Bluesky“ се појави меѓу првите и го искористи методот на покана за да се најавите. Ова траеше до 6-ти февруари годинава.

Сега, во блог пост, „Bluesky“ објави дека платформата конечно е отворена за јавноста. Ова се случи откако „Bluesky“ речиси една година користеше модел само за покана.

Веб-страницата „TechCrunch“ објави дека „Bluesky“, пред ова отворање, имал околу три милиони корисници. Наспроти ова, од другите конкуренти на „X“, „Threads“ има 130 милиони активни корисници, додека „Mastodon“ има 1,8 милиони.

Откако се „отвори“ и ја направи платформата достапна за сите, „Bluesky“ веќе во текот на првиот ден доби милион нови корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП