3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорката на ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на...

Директорката на ММФ очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева денеска на Светскиот владин самит во Дубаи изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година.

Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која опаѓа изминатава година, рече Георгиева, пренесува Ројтерс.

Според Георгиева, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее таканаречено „меко приземјување“, додавајќи дека тоа е „сценарио за кое сонувавме“.

Терминот „меко слетување“ се однесува на умерен или благ пад на економската активност.

Директорката на ММФ претходно најави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите поради војните и сложената геополитичка ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП