1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИстанбул е најпосетуваниот град во светот во 2023-та

Истанбул е најпосетуваниот град во светот во 2023-та

Истанбул е најпосетуваниот град во светот, откако привлече 20,2 милиони меѓународни посетители во 2023-та година, според рангирањето на „Euromonitor International“, цитирано од „CNBC“. Ова е зголемување од 26% во однос на претходната 2022-ра година.

Историскиот центар на Истанбул е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Според „National Geographic“, најдобро време за посета на Истанбул е пролет или есен.

На второ место е Лондон со 18,8 милиони меѓународни посетители во 2023-та година. Британскиот главен град забележа раст на посетите од 17% на годишна основа.

Во рангирањето се нагласува дека Лондон ја има најдобрата туристичка инфраструктура во светот. Според „CNBC“, неколку компании, вклучувајќи ги „Park Hyatt“, „Oberoi“ и „Mandarin Oriental“, планираат да отворат нови хотели во градот.

Њујорк е единствената дестинација од САД која се најде во првите 10 на рангирањето. Во градот се регистрирани 11 милиони посети, што претставува зголемување од 24% во однос на 2022-ра година.

„Меѓународното патување продолжува да закрепнува, со раст од 38 отсто на бројот на патувања што се очекува да достигне 1,3 милијарди до крајот на годината во 2023-та година“, се вели во студијата.

„Од потрошувачите се очекува да бараат зделки за патувања. Ова, пак, ќе ја поттикне побарувачката на потрошувачите за внатре-регионално патување. Патниците ќе продолжат да ги фаворизираат автентичните и локални искуства покрај одржливите туристички алтернативи“, велат од „Euromonitor International“.

Еве ги градовите во топ 10:

1. Истанбул, Турција

2. Лондон, Велика Британија

3. Дубаи, ОАЕ

4. Анталија, Турција

5. Париз, Франција

6. Хонг Конг

7. Бангкок, Тајланд

8. Њујорк, САД

9. Канкун, Мексико

10. Мека, Саудиска Арабија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП