18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои заситуваат

Намирници кои заситуваат

zasituva1

Најдобар начин да останете витки е консумирањето намирници што даваат подолго чувство на ситост, а тоа се крие во комбинацијата од протеини, здрави масти и влакна.

Јајца

Според некои истражувања, жените кои појадувале јајца побрзо слабееле од оние кои внесувале исти калориски вредности. Јајцата содржат 70 калории и 6 грама протеини, а даваат повеќе енергија и подолго чувство на ситост.

Јогурт

Во една чаша јогурт има 18 грама протеини, што е повеќе од мисиркино филе, а ситоста со консумирањето јогурт е загарантирана.

Супа

Пред главното јадење е добро да се изеде чинија супа или чорба, на тој начин нема да се прејадете. Супата содржи голем процент на зеленчук и протеини.

Овесни снегулки

Многу богат звор на влакна што од друга страна овозможува големо чувство на ситост. Вкусот може да се подобри со додавање на овошје по ваш избор.

Јаболка

Имаат само 80 калории, но се вистинска замена за оброк, бидејќи содржат 4 грама влакна и многу вода.

Грав и леќа

Богати се со протеини и сложени јаглени хидрати на кои им треба подолго време за да се разградат.

Од која храна многу побрзо се огладнува?

Кроасаните и бисквитите содржат шеќери што го поттикнуваат чувството за глад, додека одредени диетални оброци содржат многу мал број калории и воопшто не можат да го заситат чувството на глад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП