7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија најниска од јуни 2021 година

Инфлацијата во Германија најниска од јуни 2021 година

Инфлацијата во Германија значително забави на почетокот на годината. Потрошувачките цени во јануари се повисоки за 2,9 отсто во однос на истиот месец лани, објави во петокот Државниот завод за статистика.

По декемвриските 3,7 отсто, стапката на инфлација е најниска од јуни 2021 година, кога изнесуваше 2,4 отсто. Институтот од Визбаден ги потврди прелиминарните податоци.

Трошоците за енергија во јануари се за 2,8 отсто пониски од претходната година и покрај зголемувањето на еко-данокот на јаглерод диоксид.

Цените на храната пораснаа за 3,8 отсто, иако растот на цените во оваа област продолжи да забавува.

Вкупно цените пораснале за 0,2 отсто од декември до јануари.

Економистите очекуваат дополнителен пад на стапката на инфлација во текот на годината. Сепак, темпото сепак може да се забави.

Негативни фактори се зголемувањето на данокот на CO2 од 30 на 45 евра за тон и враќањето на редовната стапка на ДДВ во рестораните на почетокот на годината.

Владата претходно го намали ДДВ за да им помогне на угостителите поради пандемијата.

Битката против инфлацијата сè уште не е добиена, предупреди неодамна Јерг Кремер, главен економист на Комерцбанк.

Инфлацијата минатата година многу ги оптоваруваше Германците.

Со 5,9 отсто, просечната годишна стапка беше намалена од 6,9 отсто во 2022 година. Сепак, таа сè уште беше втора највисока годишна стапка од обединувањето на Германија во 1990 година.

По почетокот на руската агресија против Украина во февруари 2022 година, цените на струјата и храната особено пораснаа, поттикнувајќи ја вкупната инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП