6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПрва изјава на кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, еве што...

Прва изјава на кралот Чарлс откако му беше дијагностициран рак, еве што имаше тој да и каже на загрижената нација

Кралот Чарлс III ја даде својата прва изјава откако палатата откри дека му бил дијагностициран рак.

Британскиот крал Чарлс III за прв пат проговори откако се дозна дека боледува од рак.

По повод 50-годишнината од независноста на Гренада, кралот упати честитки до жителите на поранешната британска колонија и истакна дека му е жал што не може да дојде на прославата.

„Во текот на изминатите пет децении, со длабок восхит гледав како ја градите својата нација и се етаблирате како посебен дел од светот и како клучен член на нашето семејство на Комонвелтот. Заедно ја воспоставивте Гренада како пример за демократија, човечки права и владеење на правото. Заедно се соочивте со најтешките предизвици климатските промени и загубата на биолошката разновидност, притоа давајќи му на светот пример за лидерство, отпор и иновации. „Изгради, напредувај!“ (Аспирирај, гради, напредува)“, рекол кралот, а пренесува The Sun.

„Мојата сопруга и јас имаме посебни спомени од нашата посета на вашиот прекрасен „остров за зачини“ пред пет години, каде што бевме срдечно пречекани. Потоа, и секогаш кога ќе сретнав некој од Гренада каде било во светот, бев изненаден од вашата издржливост, силата на вашата заедница и со заедничка цел да се донесат позитивни промени“, продолжи тој, а потоа зборуваше за уметничките и спортски успеси на Гренаѓаните.

„Можам само да кажам дека ми е жал што не можам лично да ја прославам оваа важна годишнина со вас и да уживам во вашите специјалитети. Моите мисли се со сите низ Гренада, Кариаку и Петит Мартиник, како и Гренадската дијаспора. Една нација, едно семејство. Прославете го сето она што сте го постигнале и што ви носи иднината. Моето семејство се придружува на најтоплите честитки што ви ги испраќам на сите“, заклучил кралот.

За потсетување, Бакингемската палата во понеделникот објави дека на кралот му бил дијагностициран рак за време на престојот во болница поради рутинска операција за зголемена простата. Деталите за неговата болест не се соопштени, но поради тоа тој ги откажа сите јавни ангажмани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП