22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен ентериер на планинска куќа

Луксузен ентериер на планинска куќа

pla2

Оваа прекрасна, планинска викенд-куќа со модерен шмек, Сан Лоренцо, се наоѓа на 1.200 метри надморска височина во шумите на Пустертал во Италија. Како нејзината локација, така и самата куќа прави да се чувствувате како да сте на милион километри оддалечени од се, сместени во прегратките на луксузот и раскошноста. Топлата и гостопримлива атмосфера, прави да посакате да влезете и да ѕирнете внатре, а штом го направите тоа ќе има и што да видите.

Прецизниот засводен плафон, дрвениот под, нецелосно обработените ѕидови, земјените текстури како и локалните материјали придонесуваат за природноста на овој простор. Каминот, без сомнение е централната точка на овој дом. А рустикалните спални соби? – Тие се вистински сон, со дрвени греди и многу локални мотиви, како и антички материјали монтирани над креветот.

Низ целата куќа има инсталирано подно греење кое придонесува за топлата атмосфера. Турската бања која нуди услови за хроматерапија или уште позната како релаксирачка терапија со бои, финскиот стил на сауната и волшебната винарска визба, го прават овој простор, едноставно неодолив.

pla1

pla3

pla4

pla5

pla10

pla11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП