2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов закон: Сега ќе можат да му кажат на шефот „не сум...

Нов закон: Сега ќе можат да му кажат на шефот „не сум на смена, не ме интересира“

Австралија треба да воведе закони со кои работниците ќе имаат право да ги игнорираат повиците и пораките на нивните шефови надвор од работното време без последици.

Потенцијално ќе воведат и казни за работодавачите кои ќе го прекршат правилото, пренесува Инвеститор.

„Правото на исклучување“ е дел од серијата измени на законите за индустриски односи предложени од федералната влада како дел од парламентарниот нацрт-закон, за кој вели дека ќе ги заштити правата на работниците и ќе помогне да се врати рамнотежата помеѓу работата и животот.

Ројтерс потсетува дека слични закони веќе се во сила во Франција, Шпанија и други земји од Европската унија.

Мнозинството сенатори сега изјавија дека го поддржуваат законот, рече министерот за вработување Тони Бурк од владејачката централно-левичарска Лабуристичка партија во изјава во средата.

„Оваа одредба ги спречува вработените да работат неплатено прекувремено преку правото да го прекинат неразумниот контакт надвор од работното време“, рече Бурк.

„Она што ние едноставно го кажуваме е дека некој што не е платен 24 часа на ден не треба да биде казнет ако не е онлајн и достапен 24 часа на ден“, изјави премиерот Ентони Албанес за новинарите.

Предлог-законот се очекува да биде претставен во парламентот подоцна оваа недела.

Законското решение вклучува и други одредби како појасни правила од привремена до постојана работа и минимални стандарди за привремените работници и возачите на камиони.

Некои политичари, групи на работодавачи и корпоративни лидери предупредија дека „правото на прекин“ е пречекорување и ќе го поткопа движењето кон флексибилно работење и ќе влијае на конкурентноста.

Левичарските Зелени, кои го поддржуваат правилото и првпат го предложија минатата година, рекоа дека тоа е голема победа за партијата. Постигнат е договор меѓу лабуристите, помалите партии и независните да го поддржат овој предлог-закон, објави на Твитер лидерот на Зелените Адам Бенд.

„Австралијците секоја година работат во просек по шест недели неплатена прекувремена работа“, рече Бенд.

Тоа е еднакво на повеќе од 92 милијарди австралиски долари (60,13 милијарди долари) неисплатени плати низ економијата, додаде тој.

„Тоа време е твое. Не на твојот шеф“, истакна Бенд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП