27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатарскиот министер очекува недостиг на гас на светскиот пазар

Катарскиот министер очекува недостиг на гас на светскиот пазар

Гасот ќе биде најбараниот ресурс во светот и можно е од 2025 до 2030 година да има негов недостиг на светскиот пазар, изјави катарскиот државен министер за енергетика Саад бин Шерид Ел Кааби.

Министерот додаде дека одлуката на Европа да не добива гас од Русија по почетокот на војната во Украина имала штетно влијание на пазарот и резултирало со промени во синџирите на снабдување во гасната индустрија, пренесува ТАСС.

Тој изјави дека ненадејните промени на цените на гасот, како нагоре, така и надолу, поради прекини во синџирите на снабдување, негативно се одразуваат на пазарот.

Катарскиот министер се заложи за понатамошни инвестиции во гасната индустрија.

Според него, обновливите извори на енергија може да се користат за производство на електрична енергија, но „не може да се направи пластика од сонцето“, што е неопходно, меѓу другото, за производство на електрични автомобили, пренесува Комерсант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП