3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на еврозоната покажува знаци на стабилизација

Економијата на еврозоната покажува знаци на стабилизација

Економијата на еврозоната сигнализираше стабилизација во јануари, со поблаг пад на индустриското производство и нови нарачки и раст на деловната активност во јужна Европа, покажа истражувањето на S&P Global.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор на еврозоната порасна во јануари за 0,3 поени во однос на декември и изнесува 47,9 поени, пресметано од Хамбургшката Комерцијална банка (HBOC), која ги составува извештаите за S&P Global.

Вредностите повисоки од 50 поени сигнализираат за раст на активноста, а оние пониските укажуваат на нивно опаѓање.

Почетокот на годината ги донесе првите знаци на подобрување на економијата на еврозоната, со поблаг пад на деловната активност и нови нарачки, утврди HBOC.

„Иако се уште е под клучниот праг од 50,0 поени, па укажува на послаба деловна активност во еврозоната, тој сигнализираше најблаг пад од јули минатата година“, посочуваат од банката.

Поблагиот пад на индустриското производство компензира за поизразеното влошување во услужниот сектор, објаснуваат оттаму.

Побарувачката за стоки и услуги повторно ослабе, но најблага од средината на минатата година, додека вработеноста се стабилизира, а компаниите продолжија да ги „чистат“ своите нарачки.

Трошоците на влезните производи и продажните цени пораснаа најмногу во последните осум месеци, како одраз на поостриот пораст на цените во услужниот сектор, а очекувањата на деловните лидери го достигнаа највисокото ниво од минатата пролет.

Земјите на југот на еврозоната забележаа подобри резултати од оние на северот, па шпанскиот PMI сигнализираше зголемување на активноста, а Италија исто така го надмина прагот од 50 поени. Во Германија и Франција, вредноста на PMI сигнализираше континуиран пад, забележува HBOC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП