5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖелезничкиот сообраќај нормализиран

Железничкиот сообраќај нормализиран

zeleznici

Железничкиот внатрешен сообраќај повторно е нормализиран откако синоќа беше постигната согласност во преговорите меѓу Независниот синдикат на машиновозачите  и Министерството за транспорт и врски.

Претседателот на Независниот синдникат на машиновозачите Латко Јовановски денеска за МИА изјави дека е постигната начелна согласност по сите барања. Меѓу другото договорена е редовна исплата на платите и редовно добивање на сините картони.

Машиновозачите стапија во штрајк во понеделникот попладне поради што железничкиот сообраќај беше во прекин изминатите два дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП