2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAdidas најави паметен часовник за спортистите

Adidas најави паметен часовник за спортистите

adidas saat

Компанијата „Adidas“ го најави својот паметен часовник за спортисти кој ќе биде опремен со „GPS“ и „Bluetooth“, со кој ќе се обидат да се пробијат на нови и атрактивни пазари.

„miCoach SMART RUN“ го најави потпретседателот на интерактивното одделение на „Adidas“, Пол Гаудио.

Во паметниот часовник на „Adidas“ да биде вграден и сензор за следење на ритамот на срцето.

Првенствено наменет за тркачите, џогерите и рекреативците, Гаудио најави дека „miCoach SMART RUN“ ќе ја овозможи и услугата „личен тренер“ кој ќе се адаптира на програмата за вас врз основа на параметрите на корисникот. Советите на „тренерот“, корисникот ќе може да ги види на екранот, но ќе може и да ги слушне преку „Bluetooth“ слушалките.

adidas saat1

Официјалните лица од компанијата одлучија да не се потпираат на паметните телефони, за разлика од неодамна претставениот уред на „Nike“ – „FuelBand SE“. Наместо тоа, се одлучија за „flash“ меморија, која ќе им овозможи на корисниците да слушаат музика со помош на часовникот и „Bluetooth“ слушалките.

„Не се обидуваме да направиме најдобар паметен часовник, туку најдобар спортски часовник“, вели Гаудио.

Часовникот ќе чини 399 долари, а неговата продажба ќе започне на 1-ви ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП