1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа загрижена откако САД ги суспендираа дозволите за извоз на ЛНГ

Европа загрижена откако САД ги суспендираа дозволите за извоз на ЛНГ

Американската суспензија за издавање дозволи за нови проекти за извоз на течен природен гас (ЛНГ) може да ја загрози енергетската безбедност во Германија и Европа, предупредија увозниците.

Американскиот претседател Џо Бајден пред една недела го паузираше издавањето на дозволите, а Министерството за енергетика објави анализа за нивното влијание врз економијата и животната средина.

Компаниите за гас и лоби групите кои дознаа за одлуката непосредно пред нејзиното објавување и неуспешно се обидоа да ја спречат, според документите што ги виде Ројтерс, предупредија дека суспензијата може да ја загрози глобалната енергетска безбедност и напорите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Денес, САД се најголемиот снабдувач на течен гас во Европа. Повеќе од 60 отсто од извезениот американски ЛНГ беше доставен до клиентите во Европа.

„Планираната анализа во иднина би можела да има негативни последици за енергетската безбедност на Германија и Европа, на пример во форма на поскапување поради недоволното количество (гас) на пазарот“, вели најголемиот германски трговец со гас „Унипер“.

Германскиот снабдувач SEFE, кој планира да купи гас од фабриката Calcasieu Pass 2 на Venture Global LNG, исто така е загрижен, но Белата куќа ја суспендираше нејзината дозвола.

Портпаролот на Европската комисија рече дека одлуката на САД „нема да влијае на безбедноста на снабдувањето со гас во ЕУ на краток и среден рок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП